вторник, 22 октомври 2024

Хамас бара ослободување на сите палестински затвореници за да ги ослободи заложниците

Военото крило на Хамас објави дека е подготвено да ги ослободи заложниците кои беа земени за време на нападите врз Израел на 7 октомври во замена за ослободување на сите Палестинци затворени во Израел. „Цената што треба да се плати за големиот број на непријателски заложници во нашите раце е да ги испразниме затворите“ од палестинските затвореници, изјави воениот портпарол на Хамас, Абу Обеид во снименото видео емитувано на телевизијата Ал Акса.

Објавено на

часот

Сподели

„Ако непријателот сака да го затвори овој случај со притвореници со еден удар, ние сме подготвени да го направиме тоа. Ако тие сакаат процес чекор по чекор, ние сме исто така подготвени“, додаде тој.

Според последните проценки на израелските власти, околу 230 заложници земени за време на нападот на 7 октомври се во Појасот Газа, палестинска територија која ја држи Хамас. Повеќе од 1.400 лица се убиени од Хамас во Израел по нападот без преседан, според израелските власти.

Министерството за здравство под контрола на Хамас објави во саботата дека од почетокот на војната со Израел во Појасот Газа биле убиени 7.703 лица, меѓу кои повеќе од 3.500 деца.

Хамас досега ослободи две Американки и две Израелки.

Според претходните извештаи во израелските затвори има околу 6.000 Палестинци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ