сабота, 19 октомври 2024

Халеп по допинг скандалот му се врати на тенисот, но го загуби првиот меч

Симона Халеп се врати на тениските терени по пауза од година и пол поради допинг скандалот, но првиот меч на Мастерс турнирот во Мајами не помина најдобро за неа, загуби од шпанската тенисерка Паула Бадоса.

Објавено на

часот

Сподели

Неодамна на Халеп и беше прекината четиригодишната суспензија која првично ѝ беше дадена, па романската тенисерка им се врати на натпреварите.

Халеп во Мајами заигра првпат по УС Опен 2022 година и тоа со покана од организаторот.

Таа одлично го почна мечот против Бадоса, го доби првиот сет со 6-1 и се чинеше дека лесно ќе се пласира во следното коло, но работите се променија.

Шпанската тенисерка ги доби следните два сета со 6-4 и 6-3 и избори место во второто коло каде што ќе игра против Сабаленка која одлучи да настапи и покрај смртта на нејзиното момче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ