сабота, 13 јули 2024
Лига на шампиони

Халанд сонува да ја освои Лигата на шампиони откога видел како Манчестер јунајтед го прави тоа

Објавено на

часот

Сподели

Во 2008 година Манчестер јунајтед го победи Челси на пенали и го крена пехарот од Лигата на шампионите. Тоа било првото финале од ЛШ кое Халанд го памети и оттогаш сонува да го крене големиот пехар.

„Сонувам и мислам на освојување на Лигата на шампионите цел мој живот, тоа ми е сон откако паметам за себе. Во 2008 година беше финалето меѓу Челси и Јунајтед. Кога видов како слават, посакав и јас да го направам тоа и сега сме блиску“, вели Халанд.

„Манчестер Сити веќе ја имаа освојувано Премиерлигата двапати по ред пред да дојдам тука, па веќе знаат да го прават тоа без мене. Единствената работа која им недостасува е Лигата на шампионите, па можете да читате меѓу редови… тука дојдов со причина“.

Халанд утре ќе ја има првата шанса да си го оствари сонот, Манчестер Сити игра против Интер во големото финале од Лигата на шампионите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ