Извори од грчка страна за дописничката на МИА брифираа дека вечерва веќе се намалени гужвите, функционирале четири ленти за излез од Грција, а коментираат дека имало зголемен сообраќај што потсетува на летен период.
Од Авто мото сојузот на Македонија за МИА информираа дека најголемата гужва била во попладневните часови, но дека сега таа е намалена.