сабота, 19 октомври 2024

Ѓубришта колку што (не)сакаш? Чаир деновиве… (ФОТО)

Од каде да се почне со чистењето, си велат овие работрници. Комунална хигиена денеска сподели со медиумите неколку фотографии од чистење на ѓубришта во Чаир што ги создале несовесни граѓани. Комуналното претпријатие барем еднаш неделно испраќа фотографии од сите делови на Скопје со цел да влијае врз свеста на граѓаните. Дали има ефект? Изгледа не. Низ целата држава се фрла ѓубре каде ќе се стигне. Вчера МКД.мк објави информација од Општина Охрид со фотографии за собирање на ѓубре и покуќнина од дното на Охридското Езеро.,

Објавено на

часот

Сподели

Од Комунална хигиена-Скопје велат дека во текот на неделава отстраниле две обемни диви депонии лоцирани во скопската општина Чаи

с

Чистењето се одвивало долж булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) каде што се подигнати и транспортирани околу 15 кубни метри претежно мешан комунален отпад, како и на улицата Рамиз Садик каде што се отстранети приближно 10 кубни метри отпад од картонска амбалажа одложен на јавни и сообраќајни површини.

сд

„ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира жителите на градот Скопје дека секое одлагање отпад надвор од наменски поставените садови претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ги загрозува јавното здравје и животната околина“, велат од претпријатието.

д

Колку овој апел и укажување на законските одредби и на ризиците по здравјето ќе допре до оние кои фрлаат ѓубре без око да им трепне? 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ