петок, 25 октомври 2024

Грузиец нудел поткуп, полицијата го најде и го уапси

Како што соопшти денеска МВР, тој на граничниот премин Табановце дошол со патничко возило киа со грузиски регистарски ознаки, а во приложените документи за пасошка контрола ставил банкнота од 20 евра.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

На граничниот премин Табановце, на влез во државата, вчера во 15:55 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Ш. (39) од Грузија поради сторено кривично дело нудење поткуп.

Како што соопшти денеска МВР, тој на граничниот премин дошол со патничко возило киа со грузиски регистарски ознаки, а во приложените документи за пасошка контрола ставил банкнота од 20 евра.

Р.Ш. е лишен од слобода, а утврдено е и дека зелениот картон што го приложил е фалсификуван. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ