вторник, 22 октомври 2024

Груби замина од министерската фотелја без да го пречека Стоилковиќ, не се видоа, не се поздравија

Иван Стоилковиќ, лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, кој избран за вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, денеска ја презеде функцијата. Тој не беше пречекан од досегашниот министер Артан Груби, па така изостана традиционалното примопредавање на функциите.

Објавено на

часот

Сподели

„Чест ми е што мојот политички ангажман ќе го продолжам како министер за односи меѓу заедниците и заменик-претседател во Владата, како дел од коалицијата во којашто сум веќе подолг временски период, но и благодарејќи на долгогодишната соработка со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Дадената доверба значи уште поголема заложба и ангажман во интерес на граѓаните, особено затоа што како министер за односи со заедниците ќе работам за рамноправност на сите етнички заедници и подобрување на условите за живот на сите граѓани во нашата земја“, објави Стоилковиќ.

Инаку, ова е за првпат по Охридскиот договор за односите меѓу етничките заедници да се грижи неалбанец. Против изборот на Стоилковиќ најгласни беа од ДУИ и од Европскиот фронт, обвинувајќи дека тој ресор, според етничката застапеност, треба да му припадне на Албанец, но и обвинија дека Стоилковиќ е личност со тесни врски со Владимир Путин и Александар Вучиќ. Заменичко министерско место во Министерството за односи меѓу заедниците одби коалицијата Вреди па така Сафије Садику Шахини истото го замени со заменичко министерско место во новоформираното Минисерство за спорт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ