петок, 18 октомври 2024

Грозданоски: Петрески, кој е во оставка, сака нелегитимно да управува со ДПМ

Претседателот на ДПМ во оставка, Христо Петрески, апелира „ДПМ да продолжи да работи, да се состават Комисии за награди од досегашните добитници и да го одбележиме денот на основањето – 13 февруари“, но јавен факт е дека Друштвото на писателите на Македонија нема Управен одбор (откако неговите членови си поднесоа колективна оставка во октомври лани), а согласно статутот на ДПМ (и оној важечкиот од 2011 г. и оној од 2009 г.), токму Управниот одбор (односно „Претседателството“, е задолжено за организирање на сите настани во ДПМ – а особено за фомирање комисии и за доделување награди. Вака реагира членот на писателското друштво Живко Грозданоски.

Објавено на

часот

Сподели

Во својата пишана изјава, Грозданоски додава:

„Загрижува тоа што претседателот во оставка најавува составување ‘Комисии за награди од досегашните добитници’: се добива впечаток дека Христо Петрески има намера да вовлече наши еминентни имиња во нелегитимни активности. Учеството во еден таков настан би било навидум во име на благородна цел: одбележување на денот на основањето на ДПМ, 13 февруари, но во суштина тоа би било негативен преседан и ‘аминување’, давање изговор на претседателот во оставка потоа да продолжи на своја рака и без Управен одбор да организира нелегитимни активности.

Ги повикувам нашите еминентни автори, ‘досегашните добитници’, како и сите членови на ДПМ воопшто, да покажат принципиелност и да не си дозволат да учествуваат во нелегитимни активности организирани не од Управен одбор, туку од само еден член. Верувам дека нашите еминентни автори, и сите членови на друштвото, ќе дадат личен пример и ќе покажат дека никој не е над статутот, односно над принципите на Друштвото, и тука нема компромис“.

Во отсуство на Управен Одбор, основањето на ДПМ подостоинствено би било одбележано на други начини: во најмала рака, членовите на ДПМ (и не само членовите) би можеле да дадат лични изјави на тема ДПМ на социјалните мрежи и на порталите, и на тој начин да се прослави не само постоењето и континуитетот на Друштвото, туку и неговото возобновувањ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ