понеделник, 21 октомври 2024

Грковска се пофали дека од ОЛАФ се задоволни од соработката со институциите во земјава и ги охрабри да водат истраги

Објавено на

часот

Сподели

Таа одговори на пратеничко прашање во врска со извештајот на ОЛАФ во однос на злоупотребите на европските фондови. 

„Од страна на претставниците на ОЛАФ, тогаш ни беше соопштено дека се задоволни од соработката со нашите институции, а од моја страна беше кажано дека ги охрабрувам да продолжат со истрагите, токму заради тоа што секој од нас без разлика на која и да е функција има обврска да биде одговорен за начинот на којшто се трошат парите на граѓаните, без разлика дали станува збор за парите од Буџетот или станува збор за донаторска помош или помош од страната на меѓународните, нашите меѓународни партнери“, нагласи Грковска.

Таа истакна дека она што било укажано и од ОЛАФ, а и нејзина надеж е дека истрагите коишто се водат ќе имаат завршница и ќе биде јасен исходот. Додаде дека тие не се од таков вид за да можат да се одразат на ИПАРД помошта, која што веќе и е доделена на државава.  

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ