Во интервјуто Грковска нагласи дека во однос на црните листи на САД досега не сме виделе обвинителството да покрене постапка за ниту еден од овие случаи, а со предложените измени обвинителството ќе биде обврзано веднаш да почне со постапката.
Во интервјуто за Шења, вицепремиерката истакна дека нема ниту еден сериозен аргумент за тврдењето дека со овој закон се крши Уставот и суверенитетот и го сподели впечатокот дека за разлика од меѓународни партнери, во нашата држава има структури кои не се заинтересирани за прогрес.
„Очигледни се тие структури кои што едноставно ја прокоцкуваат иднината на државата заради тоа што очекуваат и од таквите квази-експерти да ги бранат нивните лични интереси, наместо сите таа енергија да ја искористиме за да направиме нешто добро за општото добро. Секогаш и во меѓународните документи и во меѓународното право, општиот интерес преовладува над личниот интерес. Јас не сум ниту адвокат на еден од тие што се ставени на црната листа, ниту сум на платен список на некој од нив, ниту сум дел од онаа т.н. експертска фела“, изјави Грковска.