четврток, 24 октомври 2024

Гринпис: Словенечки политичари го заобиколија референдумот за да го истуркаат нуклеарниот проект

Словенечкиот парламент денес гласаше за откажување на референдумот за изградба на нов нуклеарен блок Кршко 2 (НЕК2), за чија реализација е заинтересирана и Хрватска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Главните политички партии се усогласија околу откажување од референдум, откако на словенечка телевизија неодамна беа објавени снимки од неформален разговор на претставници на партии кои покажаа дека референдумската волја на гласачите не би имала никаква тежина.

Се огласи Гринпис кој сето ова го нарекува скандал и истакнува дека словенечките политичари го заобиколиле референдумскиот процес за да го протуркаат нуклеарниот проект.

„Гринпис таквите политички маневри кои неодговорно ја измамуваат јавноста за проектите за нуклеарна енергија ги смета за неприфатливи. Организацијата за заштита на животната средина повикува на развој на отпорен енергетски систем, заснован на обновливи извори на енергија кои на сите можат да им гарантираат достапна енергија и да обезбедат идна конкурентност на Словенија.

Словенија е единствената земја во Европската Унија која речиси и не ја користи енергијата на ветерот. И покрај тоа, наместо да развиваат отпорно енергетско сценарио засновано на обновлива енергија на сонце и ветер со која би се одговорило на предизвиците на климатската криза, сите парламентарни партии со исклучок на Левица, вклучувајќи ја водечката владејачка партија Свобода и водечката опозициска партија СДС, се обидуваат да го протуркаат проектот НЕК2, кршејќи ги демократските норми“, наведува Гринпис.

„Одлуката за изградба на втор блок на нуклеарната централа во Словенија требаше да дојде на гласање на законски необврзувачки советодавен референдум на крајот на ноември. Но референдумот сега е откажан поради скандалот поврзан со протекувањето на аудио снимката која на 17 октомври ја објави популарната словенечка телевизија Тарча.

На снимката од 11 април клучни политичари на водечките владејачки и опозициски партии договараат како да е заобиколи референдумскиот процес за да го забрзаат спроведувањето на проектот НЕК2“, соопшти Гринпис Словенија.

Проценките на инвестицијата се движат меѓу 9,6 и 15,4 милијарди евра, во зависност од големината на реакторот. Гринпис смета дека одлуките за нови нуклеарни централи не смеат да се носат без соодветно и навремено информирање на граѓаните и без согласност на населението кое ќе мора да ги сноси последиците на „скапата и опасна инвестиција“.

На инвеститорот ГЕН Енергија во моментов не му треба политичка согласност ниту поддршка од словенечкиот народ за да продолжи со проектот НЕК2.

Според Роберт Голоб, премиерот на Словенија, во подготовка е закон за НЕК2 кој би требало да содржи „одредени заштитни мерки“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ