вторник, 22 октомври 2024

Грешка во сигнализацијата причина за железничката несреќа во Индија, повеќе од 300 мртви

Објавено на

часот

Сподели

„Кој го направил тоа и која е причината, ќе покаже истрагата“, рече министерот Ашвини Ваишнав во интервју за телевизијата Њу Делхи.

Властите работат на расчистување на остатоците од двата патнички воза кои излетаа од шините во петокот вечерта во областа Баласоре во источната индиска држава Одиша, во една од најтешките железнички несреќи во земјата во последните децении.

Индиската новинска агенција ПТИ претходно објави дека прелиминарната истрага открила дека бил даден сигнал на возот Коромандел експрес да влезе во главниот коловоз, а подоцна сигналот бил исклучен. Возот влегол во вториот коловоз, познат како обиколница, и налетал на товарен воз паркиран таму, соопшти агенцијата.

Во саботата од оштетените вагони беа извлечени 15 тела, а во текот на ноќта продолжија напорите со помош на кранови да се отстрани локомотивата која падна на еден од вагоните. Во локомотивата не се пронајдени тела, а работите се завршени утрово, изјави генералниот директор на противпожарната и итната служба во Одиша.

Несреќата се случи кога премиерот Нарендра Моди се фокусираше на модернизирање на индиската железничка мрежа од британската колонијална ера. Индија стана најнаселена земја во светот со 1,42 милијарди луѓе.

И покрај напорите на владата да ја подобри безбедноста на железницата, секоја година се случуваат неколку стотици несреќи во најголемата железничка мрежа под единствена управа во светот.

За повеќето железнички несреќи во Индија причина е човечка грешка или застарена опрема за сигнализација.

Повеќе од 12 милиони луѓе патуваат со 14.000 возови низ Индија секој ден, по 64.000 километри пруги.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ