вторник, 22 октомври 2024

Грдата слика на Скопје, додека да се завртиш, пак депонија крај контејнерите

И покрај честите соопштенија од скопски комуналец за чистење на депонии создадени крај контејнерите, купишта ѓубре, отпад, кабасти предмети, шут и што уште не, се оставаат крај контејнерите. И не само крај контејнерите. Ваквите депонии се и најгрдата слика на Скопје. Апелите, заканите со инспекции, не помагаат.

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на изминатиов викенд, ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно се соочи со тенденциозно  загрозување на животната средина и јавното здравје, преку масовно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини и создавање диви депонии.

Со цел – одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата во градот Скопје, екипите на претпријатието за време на викендот реализираа вонредни активности за подигнување и транспорт на вкупно 150 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад.

Интервенирано е на улиците Лихнида, Лука Геров и Македонска војска во општината Ѓорче Петров, како и на булеварот Босна и Херцеговина во општината Бутел. Во координација со ЈП Паркови и зеленило отстранети се и неколку диви депонии на улиците Благоја Паровски, Џон Кенеди, Панче Неделковски и Цветан Димов, како и на булеварот Македонско-косовска бригада во скопската општина Чаир.

Од почетокот на месецот јули, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви пет записници за граѓани коишто се затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини на улиците Лазар Поп Трајков и 16-та Македонска бригада во општината Гази Баба, улиците Јуриј Гагарин и Веселин Маслеша во општината Карпош, како и на улицата Аминта Трети во скопската општина Центар“, се вели во соопштението на скопски комуналец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ