Избирачките места се отворени во 7 часот утринава, а се затвораат во 19 часот, според проценките на експертите до 22 часот се очекува да бидат познати 80 до 90 отсто од изборните резултати во целата земја, според Катимерини.
Анкетите покажуваат јасно водство на конзервативната партија Нова демократија, предводена од Мицотакис, некои велат дека партијата може да освои повеќе од 40 отсто од гласовите.
Втората најсилна партија би можела да биде левичарскиот Сојуз на радикалната левица, Сириза предводен од поранешниот премиер Алексис Ципрас, за која истражувањата на јавното мислење прогнозираат поддршка од околу 20 отсто.
Нова демократија победи во првиот круг од изборите на 21 мај, но не го освои потребното мнозинство за да ја води владата без да формира коалиција, што доведе до втор круг, во кој на победничката партија ѝ е полесно да освои мнозинство во парламентот од 300 места, бидејќи добива бонус од најмалку 20 пратенички места според изборниот систем.