сабота, 19 октомври 2024

Грција сѐ уште се бори со пожарите, министерот за заштита на граѓаните поднесе оставка

Објавено на

часот

Сподели

Неговата оставка дојде во време кога Грција со денови се бори со шумските пожари, кои предизвикаа евакуација на илјадници луѓе од различни области.

Грчката новинска агенција АМНА објави дека премиерот Киријакос Мицотакис ја прифатил оставката на Митарачи.

Министерството за заштита на граѓаните е одговорно за службите за јавна безбедност во земјата, вклучувајќи ги противпожарните служби, полицијата и Генералниот секретаријат за цивилна заштита.

Се додава дека на негово место е поставен заменик министерот за образование, верски прашања и спорт Јанис Оиконому.

Во меѓувреме медиумите јавуваат дека за заменик министер за образование, верски прашања и спорт е именуван Јанис Вруцис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ