вторник, 22 октомври 2024

Грција формира државен стабилизациски фонд

Грција планира да формира државен стабилизациски фонд кој приходот од продажбата на државниот имот ќе го вложува во инфраструктура и во зелени проекти, кажа министерот за финансии Костис Хаѕидакис.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фондот ќе го вложува приходот од продажбата на имотот кој останал во државна сопственост по грчката должничка криза, вклучувајќи недвижности, пристаништа и комунални претпријатија, објасни министерот на конференција за медиумите, претставувајќи го планот на владата.

Почетниот капитал на фондот ќе изнесува според него 300 милиони евра, а приходот од продажбата на имотот ќе биде инвестиран во зелени проекти, инфраструктура и нови технологии.

„Го ангажиравме Блекрок да ја предложи најдобрата корпоративна структура за фондот“, кажа Хаѕидакис. Блекрок е американски фонд, најголем во светот во сегментот на управување со недвижности.

Грчката агенција за приватизација ХРАДФ и фондот за спасување на банките ХФСФ ќе бидат припоени на државниот холдинг Хеленик корпорејшн асетс енд партисипејшн (ХЦАП) формиран во 2016 година и кој управува со подружниците на државните комунални претпријатија и сопственичките удели во компаниите.

Агенцијата и двата фонда со досегашна продажба на имот и удели во банки собрале вкупно 10 милијарди евра за потребите на намалување на грчкиот долг за време на кризата од 2010 до 2018 година, кажа министерот.

Фондот за спасување на банките неодамна целосно ги приватизираше трите грчки кредитори, а до крајот на годината планира да ги продаде преостанатите 18 отсто удел во Националната банка и 72,5 отсто во Атика банката, кажа министерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ