среда, 30 октомври 2024

Грчката претседателка: Го поддржуваме влезот на Западен Балкан во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„Како деветта најстара членка на денешната ЕУ, Грција игра водечка улога во поддршката на пристапните преговори со Западен Балкан и во подобрувањето на политичките и економските односи на сите земји во Југоисточна Европа и Источен Медитеран“, рече Сакеларопулу.

Делфи, грчки град на 160 километри од Атина, оваа недела е домаќин на Економскиот форум Делфи, кој е источноевропска верзија на економскиот форум во Давос.

Најавени се повеќе од 900 учесници.

Меѓу темите ќе бидат војната во Украина и политичката ситуација во Југоисточна Европа, со акцент на Босна и Херцеговина и преговорите меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово.

За време на грчкото претседавање со ЕУ во 2003 година, беше усвоена декларација во која за прв пат беше наведено дека иднината на Југоисточна Европа е во рамките на ЕУ. Оттогаш поминаа 20 години, но само Хрватска влезе во ЕУ во 2013 година.

Грчката претседателка, сепак, смета дека руската инвазија на Украина треба да ги забрза пристапните преговори со Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.

„ЕУ созреа геополитички поради руската инвазија. Таа сфати дека економската и енергетската зависност од авторитарните режими не обезбедува мир“, рече Сакеларопулу.

„Грција, како органски дел од Европа и Западот, од првиот момент поита да ги брани вредностите на меѓународното право од агресивниот ревизионизам. Поддршката за украинскиот народ, чија иднина е во демократска Европа на мир и просперитет, останува обврска на Западот“, рече грчката претседателка.

Осврнувајќи се на подобрувањето на односите меѓу Грција и Турција по разорните земјотреси во февруари и помошта испратена од Грција, таа рече дека тоа „ги зближува двата соседни народи и создава надеж за нова, подобра ера во билатералните односи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ