среда, 30 октомври 2024

Грчката полиција трага по егзекуторите од Ханиоти, истрагата води кон мафијашките кланови во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

На местото на убиството полицијата соопшти дека биле пронајдени 19 чаури и еден куршум. 

Грчката полиција не ја исклучува можноста убијците да се од Македонија и дека точно знаеле дека лицата по кои тргнале да ги ликвидираат, денеска требало да го напуштат апартманот, кој според некои грчки медиуми, чинел 600 евра на ден. На граничните премини е засилена контролата зашто се верува дека криминалците веднаш тргнале да ја напуштат Грција, иако не се исклучува можноста дека тие влегле и излегле на нелегално место на границата.

Егзекуцијата на Орхан Бајрами-Оки, според Алсат, е последната нерасчистена меѓумафијашка пресметка која трае повеќе години меѓу два скопски клана во подземјето, кои повремено имаат  меѓусебни престрелки и напади во Скопје. Очигледно е дека пресметките сега се одвиваат и во други земји, како што тоа беше неодамна кога припадник на подземјето, Блерим Даци од Чаир,  беше изрешетан во својот автомобил во Приштина од возило во движење кое потоа било најдено запалено за да се сокријат трагите.

А на сето тоа му претходеше мафијашката ликвидација во Шиша бар во Скопје пред неколку месеци. Тогаш во Скопската чаршија, на 6 март, беа убиени Јетон Кривањева – Жила, и Енес Исени, откако во барот влегоа маскирани лица кои се претставиле како полицајци по што од автоматко оружје истрелале десетици проектили. Потоа заминале со автомобил ауди од местото на нападот кое го изгореле во населбата Шуто Оризари.

Ниту едно од овие убиства не е расчистено – не се откриени ниту убијците на Камер Идризи кој беше убиен во мај 2021, ниту убиството на неговиот брат Јонуз Идриз, во скопски Чаир. Претходно беше убиен Џелал Ајети кој беше застрелан во чајџилница во скопската чаршија и неговиот брат.

Досега не е потврдено точно кои се сторителите на ликвидациите.

И веројатно хронологијата на настаните во скопското подземје оди и подолго наназад во времето, но можеби сите елементи во сложувалката нема ниту да се откријат. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ