петок, 25 октомври 2024

Грчката фрегата Хидра за првпат пукаше од топови во Црвеното Море

Грчкиот воен брод Хидра денеска пукаше од својот главен топ од 127 милиметри кон две беспилотни летала во Црвеното Море, за прв пат од учеството во мисијата Аспидес (Штитови).

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Ова „огнено крштевање“ се случи денеска во утринските часови согласно Правилникот за работа, а беспилотните летала веднаш се оддалечија по истрелите, пренесува Катимерини.

Хидра учествува во мисијата на Европската унија Аспидес, која обезбедува заштита на трговските бродови од нападите на јеменските Хути, кои од ноември 2023 година погодија повеќе грчки бродови. Во мисијата учествуваат и Франција, Италија и Германија.

Хидра патролира во Аденскиот Залив откако во понеделникот тргна од Џибути.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ