МЗШВ ја потсетува јавноста да биде внимателна во периодот кој што следи бидејќи како што се приближуваме до критичните периоди од сезоната на пожарите и зголемениот ризик од појава на пожари на ниво на предел, но и моменталната состојба со пожарите во земјава, од суштинско значење е јавноста да ја разбере опасноста и да превземе проактивни чекори за заштита на шумските екосистеми односно животна средина и заедниците во целина.
„Земјоделски површини – неконтролирано палење на земјоделско земјиште е строго забрането со закон и претставува казниво дело. Сериозни ризици – пожарите на ниво на предел директно ги загрозуваат човечките животи, имот и животната средина. – Правни последици – предизвикување на пожар на отворен простор е казниво дело. И за брзо откривање јавноста да алармира на 112“, посочуваат од прес-службата на МЗШВ.
Од Министерството даваат и неколку совети за безбедност како: избегнување палење на каков било оган за време на периоди на силен ветер или суво време и пронаоѓање на побезбедни методи за расчистување на земјиштето и отстранување на горливиот материјал.
МЗШВ ги охрабрува сите граѓани да останат информирани и да преземат превентивни мерки за, како што велат, да се избегне појава на пожари на пределот.
„Исто така, МЗШВ ја потсетува јавноста дека од 15.07.2024 е воведена целосна забрана за движење во шумите. За таа цел се повикува јавноста да ја следи и да се приклучи на Програмата за управување со пожарите на ниво на предел (lfmwb.net) во која министерството е партнер институција и активно работи на имплементација на активности и мерки дефинирани во програмата со фокус на превенција и подготвеност во управувањето со пожарите на ниво на предел. Работејќи заедно, можеме да го намалиме ризикот и да ја обезбедиме безбедноста на нашите домови и животната средина“, се наведува во соопштението од МЗШВ.