сабота, 5 октомври 2024

Граѓаните да пријават во полиција ако се измамени од вложувањата во Конти, апелира Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска апелираше граѓаните да внимаваат со потенцијалните инвестиции преку различни апликации и информира дека досега не е поднесена ниту една  кривична пријава  поврзани со апликацијата Конти која остави без денар околу 14.000 ммакедонски граѓани кои вложувале пари преку Конти, а биле членови на група на Телеграм .

Објавено на

часот

Сподели

Според Тошковски, оние што учествувале како жртви во овој, како што рече, потенцијално кривично-правен настан, да се обратат до МВР за да се истражат случаите и соодветно да се реагира.

„Според информациите од утринава, кривична пријава официјално не е поднесена, но изразувам оргомна загриженост за ваков пирамидален инвестициски финансиски потенцијален криминал што се случува по не знам кој пат во земјава. Од службите бев информиран дека многу слична апликација за измама била констатирана и во 2022 година. И тогаш е упатен апел граѓаните особено да внимаваат кога станува збор за вакви потенцијални инвестиции кои најчесто завршуваат како класични измами. И сега апелирам, граѓаните особено да внимаваат на вакви инвестициски вложувања, да се консултираат со експерти од областа, да се обратат и до МВР каде исто така има експерти кои првично може да проценат дали станува збор за потенцијална измама, а оние што учествувале како жртви во овој потенцијален кривично-правен настан, да се обратат до МВР за да истражиме и соодветно да постапиме“, истакна министерот по прес-конференцијата по повод 100 дена од работата на Владата.

Околу 14.000 ммакедонски граѓани кои вложувале пари преку апликацијата Конти, а биле членови на група на Телеграм останаа без денар откако им било кажано дека апликацијата се затвора.

Станува збор за апликација чиј концепт е членовите да заработуваат пари преку гледање промоции на филмови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ