петок, 18 октомври 2024
Министерство за правда

Граѓанскиот суд доби две простории во зградата на МРТВ

Објавено на

часот

Сподели

Судовите имаат законска обврска, согласно Законот за нотаријат, да обезбедат услови и просторни капацитети за архивираните предмети на нотарите на кои им престанала нотарската служба, а ваков проблем, со обезбедување просторни услови за оваа намена, според Министерството за правда, имал Основниот граѓански суд Скопје.

„Од овие причини, Владата, со донесени одлуки, дава на Основниот граѓански суд Скопје, на трајно користење, два простора на ул. Гоце Делчев бр. 18 во Скопје, во зградата на Македонска радио телевизија, каде што е предвидено да се сместат архивирани предмети на нотари на кои им престанала нотарската служба поради пензионирање, на подрачјето на основните судови на Град Скопје, а за коишто, Миниситерството за правда извести дека се направени соодветен попис и селекција“, информира владината прес-служба.

                                                                                                                      Фото: П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ