петок, 18 октомври 2024
Реакција насловена како демант

Градот не сака да чита паушални раскази во медиумите и мислења на декани, вештачењето ќе покаже дали е оштетен мостот

Објавено на

часот

Сподели

„Во моментот мостот е затворен како превентива, сè додека не добиеме уверување од релевантните институции дека е безбеден или дека треба да се интервенира. Несериозно е од декани, неименувани експерти како и неименувани ‘извори’ да се предизвикува паника кај граѓаните. 

Мостот Беласица во овој момент се вештачи, а во наредните неколку денови ќе се донесе и одлука за тоа дали ќе се врати во употреба веднаш, или пак ќе има каква било интервенција пред да се стави во употреба. 

Со ова, сакаме да ги демантираме и дезинформациите и паушалните раскази на медиуми кои ја користат оваа ситуација за водење на политичка агенда која на ниту еден начин не помага на разрешување на ситуацијата“, се вели во соопштението од Град Скопје насловено како „демант на паушалните изјави во врска со мостот Беласица“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ