петок, 18 октомври 2024

Градоначалникот на Гази Баба разреши директорка на градинка, вели незаконски трошела службени пари

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот рече дека наместо градинката да работи законски со цел згрижување и воспитување на предучилишни деца, до него стасувале информации и имало индиции за незаконско работење на директорката.

„Направено е прекршување на член 40 од Законот за јавни набавки. Во овој дел законските одредби упатуваат на соодветна постапка за секоја набавка чија вредност надминува 60.000 денари без ддв. Направено е и прекршување на член 40 став 6 од Законот за јавни набавки, односно направени се набавки каде што е надминат годишниот законски максимум за мали набавки кој изнесува до 12.000 евра во една година. Би сакал да потенцирам дека со ова е направено и прекршување на членовите 275-в и 353-в од Кривичниот законик. Направени се трошоци за репрезентација. Сите овие средства се потрошени за угостителски услуги. Ако се видат фискалните сметки ќе се утврди дека повеќето од нив се направени по завршување на работното време и во сметките е наведено дека е нарачувано и храна за носење. Извршена е набавка на мебел во детската градинка, но не мебел за децата, туку за кабинетот на менаџментот. Во моментот на набавката на мебелот, согласно донесениот Годишен финансиски план за тековната година не биле предвидени средства за ваква набавка. Со што исто така е направено прекршување на Законот. Со извршениот увид во налозите за користење на патничкиот автомобил сопственост на градинката за службени дејствија е констатирано, користење на возилото за приватни цели“, наведе градоначалникот.

Стефковски информира и дека сите утврдени осум наводи во извештајот на независниот ревизор се доказ дека во детската градинка Детска радост се работело спротивно, односно со прекршување на повеќе закони.

Градоначалникот на Гази Баба нагласи дека на 19 април го добил барањето на Управниот одбор на градинката Детска радост за разрешување на директорката и дека согласно законот, тој имал рок од пет дена за да постапи

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ