петок, 18 октомври 2024

Градоначалниците од скопскиот регион утре ќе расправаат за хигиената во главниот град

Објавено на

часот

Сподели

Состанокот ќе се одржи поради тоа што не се собира сметот од Скопје, а поради протест на вработените во Комунална хигиена. 

Како што се најавува, по состанокот, кој ќе се одржи во просториите на општина Аеродром, градоначалниците ќе излезат со свој став за настанатата состојба.  

Скопскиот плански регион го опфаќа басенот на Скопската котлина и зафаќа вкупна површина од 1812 км2 или 7 отсто од територијата на Република Македонија. Овој регион опфаќа 17 општини од кои десет се дел од градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Градот Скопје е составен од општините, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ