„Тоа се програми кои самите градинки си ги имплементираат во нивните програми, односно активности, различни методи и техники на настава од самите воспитувачи кои работат на откривање, поттикнување и поддршка на тие надарени деца. Се надевам дека преку нашите конференции, семинари и размена на воспитувачи ќе се направи нешто, бидејќи ние согласно со програмата работиме за деца со пречки во развојот така да се надевам дека ќе успееме и на ваков начин да дадеме внимание и на талентираните деца кои утре ќе бидат носители во нашето општество“, вели Митрев.
Посочува дека праксата покажува дека вработените во детските градинки веќе препознаваат деца кои убаво пеат, цртаат или имаат некој друг талент. Потребно е вели да се работи со нив за да може да го негуваат и развиваат истиот во иднина.
„Има деца кои покажуваат надареност кон ритамот и ритмиката, правиме групи кои се за кореографија и ги користиме во локалните и завршни приредби“, вели Митрев.
Митрев најави дека на крајот на октомври и почетокот на ноември ќе се организира Научно-стручна конференција на тема „Користење реквизити и помагала во имлементација на програмата“, а истата веќе поттикнува голем интерес кај воспитувачките од детските градинки.