сабота, 19 октомври 2024

Град Скопје им ги зголемил платите на вработените

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска потпишала колективен договор со репрезентативниот Синдикат на Град Скопје со зголемување на платите за 10 отсто на над 6000 вработени во градската администрација.

Објавено на

часот

Сподели

„Остварувајќи го  ветеното за усогласување и зголемување на платите на вработените во Град Скопје и јавните претпријатија, Арсовска истакна дека е неопходно вработените во јавниот сектор да бидат ефикасни, брзо и навремено да ги извршуваат работите и да испорачуваат услугите за граѓаните, а со покачувањето се стимулира подобрување на квалитетот на работа“, велат од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека пред неполни две години градоначалничката Арсовска уште при преземањето на функцијата градоначалник, ја поддржала иницијативата на Синдикалната организација на Град Скопје и потпишала нов Колективен договор со кој се проширија правата на вработените во градската администрација, се зголемија бодовите и се регулираа правата на пожарникарите. Дополнително, во 2022 година Град Скопје била првата единица на локална самоуправа која ги зголеми линеарно платите за 2800 денари на сите вработени, а со потпишувањето на овој колективен договор се овозможува зголемување за над 6000 вработени,

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ