недела, 20 октомври 2024

Гостивар се засили со поранешен играч на Монако и Фенербахче

Како што и беше најавено, Гостивар донесе засилување со импресивно минато за македонски услови, во ПМФЛ следната сезона ќе настапува Набил Дирар.

Објавено на

часот

Сподели

Тој има 38 години и доаѓа од првенството на Луксембург каде играше за Шифланге. Сепак Мароканецот има сериозно клупско минато и 46 настапи за својата земја.

Во 2012 година направи мега трансфер, Монако го купи од Клуб Бриж за шест милиони евра. За тимот од кнежевството мароканскиот фудбалер настапуваше пет години, запиша 167 натпревари, даде 12 гола и подели 33 асистенции.

Потоа Фенербахче го откупи за 3,5 милиони, а по четири години во Турција следеше и платена позајмица назад во Клуб Бриж. Кариерата почна да му оди во надолна линија по 2021 година, тогаш се пресели во Касимпаша, па едно време беше без клуб.

Иако резимето му е богато, во моментов според угледниот „Трансфермарк“ Набил Дирар вреди само 10.000 евра. И покрај тоа, реткост е во Македонија да дојде фудбалер со такво минато.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ