сабота, 19 октомври 2024

Гори градската депонија во Крива Паланка, пожарникарите од други места подготвени да тргнат на помош

Гори градската депонија во Крива Паланка, пожарот избувнал од две страни поради што е отежнато гаснењето. Командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски, информира дека пожарот бил пријавен околу два часот.

Објавено на

часот

Сподели

„Бидејќи ова е пожар од поголеми размери, од утрово ангажирани се сите наши вработени, сите екипи на Територијалната противпожарна единица. Вработените во ЈП Комуналец се на терен, со механизацијата со која располагаме, а на помош се одзваа и активно се вклучени повеќе приватни компании кои изведуваат градежни работи на територијата на Општина Крива Паланка. Сите тие интензивно обезбедуваат материјали, земја за посипување, а очекуваме, доколку има потреба, ќе се вклучи и ТППЕ Ранковце“, информира директорката на ЈП Комуналец, Мирка Јакимовска.

Според првичните сознанија од теренот и начинот на кој настанал пожарот, најверојатно станува збор за човечки фактор како причинител за пожарот, но надлежните допрва ќе ги утврдуваат причините.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ