сабота, 19 октомври 2024

Гореше галијата на кејот на Вардар во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Во гаснење на пожарот интервенираа 13 пожарникари со 3 противпожарни возила. Пожарот беше пријавен во 13 часот, веќе е изгаснат, екипите се повлекуваат. Причините не ги знаеме. Допрва ќе се утврдуваат“, изјави за МКД.мк Ѕвонко Томески командир на ТППЕ Скопје.

Станува збор за галијата која во времето на ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов почна да се урива затоа што беше предмет на судско-извршителски постапки. По доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска уривањето беше стопирано.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ