вторник, 23 јули 2024

Ѓорческа со победа тргна на фјучрсот во Рикани

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорческа како четврта носителка беше слободна во првото коло, а денеска ја совлада Ангелина Вирџес од Германија со 2-0 во сетови.

Првиот сет Ѓорческа го доби со 6-4, а во вториот беше поуспешна со 6-2. Мечот траеше еден час и 19 минути.

Во третото коло Ѓорческа ќе игра со Романката Габриела Ли која лани на 1. август го има својот најдобар пласман, 136 место на ВТА.

Турнирот во Рикани се игра за награден фонд од 60.000 долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ