недела, 27 октомври 2024

Голф усмрти 83-годишен пешак во Батинци

Вчера вo 19 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак со ул. 1 во с.Батинци, скопско, голф со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(33) од с.Цветово, скопско, удрило во пешакот Ф.И.(83) од с.Батинци, скопско.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата од здобиените повреди починал Ф.И., а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Со телесни повреди се здобил возачот А.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ