сабота, 19 октомври 2024

Големи количества злато најдени во централна Босна и Херцеговина

Објавено на

часот

Сподели

Златото е откриено на локацијата Зекилова коса, а последната анализа која е направена во лабораториите потврдила постоење на поголеми количества злато, кои во одделни делови содржат и до 4,89 грама злато по тон.

Со истражувањата кои траат неколку месеци е опфатена површина од 1,2 квадратни километри. Имајќи го предвид откритието на златните наслаги, се најавува проширување на истражувањата на северозападниот дел на тој локалитет.

„Понатамошното следење на овие одлични резултати без сомнеж е оправдано, а очекуваме дека наскоро ќе добиеме и согласност од локалната самоуправа за продолжување на геолошките истражувања“, кажа извршниот директор на компанијата Младен Лујиќ.

Притоа истакна дека особено внимание при истражувањата компанијата Ликос Балкан металс посветува на зачувувањето на животната средина. Оваа општина се наоѓа во близина на Јајце во централниот дел на БиХ, на меѓуентитетската граница меѓу Федерацијата БиХ и Република Српска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ