сабота, 19 октомври 2024

Големи емоции за Милојевиќ, Голден стејт се збогува од прерано починатиот тренер (ВИДЕО)

Една недела по ненадејната смрт на Дејан Милојевиќ, Голден стејт го одигра првиот натпревар во НБА лигата и му го посвети на својот член на стручниот штаб.

Објавено на

часот

Сподели

Поради смртта на 46-годишниот Милојевиќ кој почина од срцев удар, два меча на Голден стејт беа одложени. Тие синоќа во Чејс центарот во Сан Франциско ја пречкаа Атланта.

На мечот беа присутни сопругата и децата на Милојевиќ, а во негова чест беше интонирана и српската химна. Кошаркарите излегоа со дресови на кои на задната страна беше испишано презимето на починатиот тренер, а на предната иницијалите во срце, како што беше и најавено пред натпреварот, додека на неговото место покрај теренот имаше оставено маичка со натпис „Брате“ и бела ружа. Говор за својот довчерашен помошник одржа првиот тренер Стив Кер.

„Светот минатата недела загуби прекрасна душа. Деки беше исклучителен пријател, одличен кошаркарски тренер, голем човек и што е најважно, извонреден внук, маж и татко. Сликите кои останаа зад него зборуваат каков човек бил бидејќи се правеше со насмевка и уживање. Засекогаш ќе биде дел од нас и нашите души. Изрази на љубов и радост кои тој ги делеше со секого со кого се сретна, отсликан е низ последните поздрави испратени од сите страни на светот. Затоа, вечерва, место минута молчење, би сакал сите заедно да му дадеме на Деки овации кои ќе може да ги слушне на небо“, зборуваше Кер додека кошаркарите на неговиот тим не можеа да ги запрат солзите.

Последен поздрав за Милојевиќ имаа можност да упатат и неговите добри пријатели и сонародници Богдан Богдановиќ и Игор Кокошков како дел од тимот на Атланта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ