вторник, 22 октомври 2024

Голем руски напад на Кривији Рих. Има мртви, уништена зграда (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Сѐ уште има луѓе под урнатините, напиша Лисак на апликацијата Телеграм. Четири лица се повредени на друго место во градот, додаде тој.

Русија изврши „масовен ракетен напад“ врз централниот украински град Кривији Рих во текот на ноќта, при што загинаа и беа повредени луѓе и оштетена е цивилна инфраструктура, соопштија украинските власти рано во вторникот.

„Масовен ракетен напад врз Кривији Рих“, објави претходно Серхи Лисак, гувернер на регионот Дњепропетровск каде се наоѓа Кривији Рих, наведувајќи дека има мртви и ранети.

 

 

Во раните утрински часови во вторникот, сирените за воздушен напад се огласија низ Украина, а воените претставници на Киев соопштија дека силите за воздушна одбрана ги уништиле сите руски ракети насочени кон главниот град на Украина.

Украинската висока команда објави дека воздухопловните сили уништиле 10 од 14 крстаречки ракети лансирани од Русија кон Украина и едно од четирите беспилотни летала од иранско производство.

 

 

Сè уште не е јасно колку проектили го погодиле Кривији Рих и каде беспилотните летала лансирани од Русија ги погодиле своите цели.

Во Кривији Рих се погодени неколку цивилни згради, вклучително и петкатница, изјави претходно градоначалникот Олександр Вилкул, додавајќи дека најверојатно има луѓе под урнатините.

 

 

Ројтерс не можеше независно да го потврди извештајот.

Лисак објави фотографија од петкатница каде што сите прозорци се скршени, а од некои излегува чад.

 

 

Засега нема коментар од Русија за пријавените напади. И Русија и Украина негираат дека целеле цивили во војната што Русија ја започна против својот сосед пред речиси 16 месеци.

Градоначалникот на источниот украински град Харков на својот канал на Телеграм изјави дека руските беспилотни летала гаѓале цивилна инфраструктура таму, погодувајќи магацин и зграда на комунално претпријатие. Засега нема информации за жртви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ