сабота, 19 октомври 2024

Голем пожар во атарот на штипското село Калапетровци, надлежните се сомневаат дека е подметнат

Голем шумски пожар има во атарот на штипското село Калапетровци. Од утринава пожарот го гаснат 15 пожарникари, а од воздух се вклучија и двата ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и хеликоптери на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Објавено на

часот

Сподели

Командирот на ТППЕ-Штип Дарко Коцев изјави дека станува збор за голема површина, а гори и шума. Според него, станува збор за пожар кој е подметнат.

„Во тек е гаснењето на пожарот и од земја и од воздух во атарот на село Калапетровци. На терен сме 15 пожарникари, од воздух реагираат и авионите и хеликоптери, вели Коцев.

Тој посочи дека во моментов во штипскиот регион активни се два пожари. Огнената стихија на планината Серта е под контрола, но по завршувањето на овој пожар кај селото Калапетровци пожарникарите и авионите ќе бидат насоечени кон планината Серта, каде што гори нискостеблести растенија и шума од петокот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ