вторник, 22 октомври 2024

Голем чад над Неготино, горат 300 хектари трева и нискостеблеста шума кај Пепелиште

Голем пожар избувна попладнево кај село Пепелиште, во близина на полигонот Криволак. Горат 300 хектари трева и нискостеблеста шума. Пожарникарите чекаат во гаснењето да се вклучи и хеликоптер. Постои опасност од ширење на пожарот кон планината Серта.

Објавено на

часот

Сподели

ЦУК информираше дека избувнал пожар кај неготинското село Пепелиште и се шири кон планина Серта.

„Регионалниот ЦУК Велес информира дека има пожар на отворен простор кај Пепелиште, во почетокот гореле сува трева и нискостеблеста шума. Но, според последните информации од терен, пожарот се проширува кон планината Серта. На терен се присутни екипа од територијалната противпожарна единица Неготино со осум пожарникари и две протипожарни возила и претставници од воениот полигон Криволак. Според нивна проценка, постои можност за разгорување на пожарот со тенденција да се прошири во правец на планината Серта“, соопштија од Центарот.

Во гаснењето на пожарот учествуваат пожарникари од ТППЕ Неготино, ТППЕ Кавадарци, а во секој момент ќе им се придружат и нивните колеги од Штип, како и вработени од Национални шуми. Воедно во гаснењето се вклучени и вработени од ЈКП Неготино.
Пожарот е во близина на армискиот камп за обука. По неуспешниот обид од страна на питомците пожарот да биде ставен под контрола, тој се проширил и се движи во насока кон сртот на Серта од десната страна на регионалниот пат Неготино – Штип. Линијата на фронтот на пожарот е подолга од еден километар. Во овој момент не е загрозено населено место, ниту паки ма таква тенденција, но пожарот се движи кон два далеководи од кои едниот од 410 киловолти се исклучил самиот, а другиот од 110 киловолти е се уште во функција.
Ветрот кој постојано дува менувајќи го правецот дополнително го отежнува гаснењето на пожарот.
Поради сериозноста на пожарот полицискиот хеликоптер кој учествуваше во гаснењето на пожарот кај Велес е пренасочен и веќе почна со дејство врз пожарот кај Пепелиште.
Останатите два полициски хеликоптери се на редовен сервис, едниот ќе биде функционален после понеделник додека вториот кон крајот на август.
Армискиот хеликоптер е ангажиран на редовни армиски задачи во Охрид и нема доволно време истиот да се пренасочи во Скопје, да наполни гориво, да закачи ведро и да се упати кон Пепелиште.
Трите Ер трактори се нефункционални поради недостаток на пилоти, проблем кој се очекува да биде надминат на следната владина седница.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ