среда, 30 октомври 2024

Го привеле откако му дал поткуп на раководителот на смена на Долно Блаце

Приведено е лице од Турција поради давање поткуп на раководителот на смена на Граничниот премин Долно Блаце.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР информираат дека вчера, околу 03 часот, на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во Македонија се пријавил К.С. (53) од Турција, но по извршена пасошка контрола било утврдено дека веќе го искористил дозволениот туристички престој од 90 дена во последните 180 дена и поради тоа му бил одбиен влез и бил вратен назад во Косово.

„Околу 03.30 часот К.С. повторно дошол на граничниот премин и на раководителот на смена му ја дал патната исправа и во неа банкнота од 100 евра, со барање да му се дозволи влез во РСМ. К.С. веднаш е лишен од слобода поради кривично дело давање поткуп и против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштуваат од полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ