вторник, 22 октомври 2024

Главчев инсистира Советот на Европа да ги потврди заклучоците за Македонија од 2022 и 2023 година

Бугарскиот премиер Димитар Главчев денеска и утре ќе престојува во Брисел, каде за време на дискусијата на состанокот на Европскиот совет ќе побара да се потврдат заклучоците од 14 декември 2023 година и заклучоците на Советот за Македонија и Албанија од 18 јули 2022 година и да ја повика Македонија да ги заврши чекорите споменати во тие заклучоци за да постигне напредок на нејзиниот пат кон европската интеграција, дознава МКД.мк од дипломатски извори.

Објавено на

часот

Сподели

Бугарија ќе инсистира во Европскиот совет да се вметне текст за Македонија при прифаќањето на заклучоците од состанокот, дознава МКД.мк од дипломатски извори.

„Според бугарскиот премиер, важно е да се напомене дека спроведувањето на сите договори и преземени обврски, како и напредокот на сите реформи поврзани со ЕУ, остануваат клучни за понатамошен напредок“, велат изворите на МКД.мк.

Бугарскиот премиер Димитар Главчев денеска и утре ќе престојува во Брисел, каде за време на дискусијата на состанокот на Европскиот совет ќе побара да се потврдат заклучоците од 14 декември 2023 година и заклучоците на Советот за Македонија и Албанија од 18 јули 2022 година и да ја повика Македонија да ги заврши чекорите споменати во тие заклучоци за да постигне напредок на нејзиниот пат кон европската интеграција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ