вторник, 22 октомври 2024
Изјава на градоначалникот на Кисела Вода

Ѓорѓиевски: Нема повеќе толеранција кон Арсовска и скопски комуналец, поднесовме пријава

Нема повеќе толеранција кон скопски комуналец и градоначалничката на Скопје, отпадот не се собира, а на високи температури постои опасност по здравјето, затоа поднесовме прекшочна пријава против ЈП Комунална хигиена – Скопје, изјави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека ѝ е дојден крајот на толеранцијата на несовесното работење на ЈП Комунална хигиена и на градоначалничката на Скопје кои треба да се грижат за хигиената во главниот град.

„Пoднесена е прекршочна пријава за ЈП Комунална хигиена – Скопје. Доста беше толеранција. Секое непостапување ќе значи нова прекршочна пријава“, вели градоначалникот.

Тој нагласи дека Скопје се дави во отпад и дека со недели изгледа како голема депонија. Ова се влошува со високите температури, од отпадот што не се собира редовно се шири неподнослива миризба во секоја општина, рече Ѓорѓиевски и додаде дека Кисела Вода не е исклучок со полни контејнери и страшна миризба.

„Ова е резултатот на несовесното работење на ЈП Комунална хигиена и градоначалничката на Скопје кои се грижат за хигиената во главниот град. Досега неколку пати алармирав до градските институции, со дописи и телефонски, но очигледно нашите реакции како Општина и на граѓаните на Кисела Вода не успеаја да допрат до ЈП Комунална хигиена, кое сите граѓани на Скопје го плаќаме“, рече градоначалникот.

Тој потсети на минатогодишната случка кога градоначалници се обидоа да го соберат сметот што не беше собран со недели.

„Бидејќи во нормална комуникација немаме никаква реакција, во текот на изминатите денови испративме комунален инспектор да ја провери состојбата на терен. Увидовме дека ситуацијата е катастрофалната и поради тоа понесовме прекршочна пријава до Комунална хигиена и ова ќе биде наша пракса и следните денови ако состојбата не се подобри. Секое непостапување ќе значи нова прекршочна пријава, затоа што граѓаните мора да бидат на прво место“, изјави градоначалникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ