сабота, 19 октомври 2024

Ѓорческа против Американката Викери во првото коло од квалификациите на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа утре го игра мечот во првото коло од квалификациите на Вимблдон, како противничка ќе ја има Саша Викери од САД.

Објавено на

часот

Сподели

Лина Ѓорческа утре ја започнува авантурата на неофицијалното светско првенство во тенис.

Најдобрата македонска тенисерка ќе ги одмери силите со Саша Викери во првото коло од квалификациите на Вибллдон.

Американката е 29-та носителка во квалификациите и во моментов е 138-ма на ВТА листата.

Таа два пати има учествувано на „главниот турнир“, во 2018 година играла и во второто коло.

Мечот меѓу Ѓорческа и Викери се игра на теренот број 9 и е прв на програмата, а почетокот е во 11 часот по локално време односно 12 по македонско време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ