Тие го загубија финалето од италијанско-шпанската комбинација Нурија Бранкачо и Леире Ромеро Гормаз со 2-1 во сетови (5-7 7-5 10-7 на поени) за 1 часи и 47 минути игра.
Ова за Ѓорческа беше второ финале во двојки на ВТА турнир, првото го играше 2017 година на Бол на Брач (двете ги загуби). Нашата тенисерка го играше вкупно 73-то финале во двојки и остана на 47 турнирски победи.
Во текот на следната недела Лина Ѓорческа е пријавена за настап на ИТФ 75 турнир во Пазарџик, Бугарија.