недела, 14 јули 2024

Ѓоковиќ без борба до полуфиналето на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон без да го одигра денешниот меч против Алекс де Минор, австралискиот тенисер се откажа поради повреда.

Објавено на

часот

Сподели

Де Минор заработи повреда на претходниот дуел, имаше проблеми со колкот, неговиот тим направи напор да го оспособи за денешниот меч, но не можеше.

Болките биле преголеми и Австралиецот одлучил да го предаде мечот.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Лоренцо Мусети и Тејлор Фриц.

Во првото полуфинале кое беше формирано вчера, ќе играат Карлос Алкараз и Данил Медведев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ