петок, 18 октомври 2024

Германскиот министер за здравство предлага „сиеста“ во текот на топлите денови

Објавено на

часот

Сподели

Ваков начин на работа претходно предложи и првиот човек на германското здружение на лекари.

„Во горештините треба да се ориентираме кон работните методи на јужните земји: рано станување, продуктивно работење наутро и сиеста напладне е концепт што треба да го усвоиме во летните месеци“, рече шефот на сојузната асоцијација на лекари во германското јавно здравство (БВОеГД) Јоханес Нисен за Редакционснецверк Дојчланд.

„За време на интензивна топлина, луѓето не се ефикасни како вообичаено. Лошиот сон поради отсуство на ладењето во текот на ноќта дополнително доведува до проблеми со концентрацијата“, додаде тој. Затоа, сложените задачи треба да се извршуваат во раните утрински часови, рече докторот.

Сиеста, одмор во најжешките часови од денот, е вообичаена практика во многу јужноевропски земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ