недела, 6 октомври 2024

Германски политичари: Меланшон е исто како Лепен, проруски и антисемитист

Дел од германската политичка сцена денеска со загриженост го поздрави успехот на левичарската алијанса во вториот круг од парламентарните избори во Франција, предупредувајќи пред сѐ за, како што велат, антисемитските и антигерманските изјави на лидерот на француската левица, Жан-Лук Меланшон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Меланшон е пред сè националист и антисемитски популист и во никој случај не е демократски, еманципаторски и проевропски левичар“, рече претседателот на комисијата за надворешна политика на Бундестагот Михаел Рот (Социјалдемократска партија на Германија, СПД) преку платформата Икс.

Социјалдемократскиот политичар беше уште подиректен во изјавата за весникот Тагесшпигел.

„Меланшон е антигермански во својата срж. Тој во суштина не се разликува од Лепен во антигерманските и антиевропските изјави. Нема причина да му верувате на овој политичар, тој е антиевропски идеолог и коцкар“, рече Рот.

Претседателот на комисијата за надворешна политика на Бундестагот го обвини францускиот претседател Емануел Макрон дека го „уништил“ политичкиот центар во Франција со распишувањето предвремени избори.

И покрај тоа што кај голем дел од германскиот политички спектар има олеснување што десничарскиот Национален собир на Марин Лепен не освои мнозинство, оние што предупредуваат против лидерот на крајната левица стануваат сѐ погласни.

Меѓу нив е и Армин Лашет, кој е одговорен за надворешната политика во рамките на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

„Тоа докажа дека екстремната десница може да биде поразена со мобилизирањето на гласачите… Но Меланшон е исто толку опасен: антисемитски, антигермански, антиевропски и проруски настроен“, рече Лашет, поранешен кандидат на ЦДУ за канцелар, во интервју за весникот Велт.

Германскиот канцелар Олаф Шолц (СПД) изрази олеснување по веста дека францускиот Национален собир не успеа да победи во вториот круг и изрази надеж дека Макрон ќе може „конструктивно да формира влада“.

„За претстојните големи проекти на ниво на Европската Унија, како што се развојот на Унијата и нови членства, неопходно е и учество на Франција. Нема да оди без Франција“, рече Шолц.

Жан-Лук Меланшон во минатото даде многу изјави против Германија и Европската Унија, нарекувајќи ја Германија „чудовиште“ што „ја држи ЕУ во свои раце“ и делува само за своите интереси.

Откако Хамас го нападна Израел и масакрираше над илјада цивили, Меланшон одби да го окарактеризира Хамас како терористичка организација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ