петок, 8 ноември 2024

Шефот на екстремната десница во Австрија: Пуштете ме да владеам, јас сум релативен победник

Лидерот на австриската крајнодесничарска Партија на слободата, која е релативен победник на овонеделните парламентарни избори, во саботата ги повика другите партии да прифатат тој да ја води владата и ги предупреди да не формираат „коалиција на губитници“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Евроскептичната, наклонета кон Русија Партија на слободата (ФПО) предводена од Херберт Кикл освои околу 29 отсто од гласовите на изборите минатата недела.

На партијата сè уште ѝ недостасува мнозинство, што значи дека ќе треба да состави коалиција за да го контролира мнозинството во парламентот и да формира стабилна влада. Единствената партија што остави отворена врата за коалиција, владејачката конзервативна Австриска народна партија (ОВП), ја отфрли можноста за влез во влада во која ќе биде вклучен и Кикл.

„Верувам дека коалицијата на губитници би била апсолутно фатален сигнал за гласачите“, им рече Кикл на новинарите по средбата со претседателот Александар Ван дер Белен, додавајќи дека тоа ќе биде „шлаканица“ на електоратот.

Тој ја повтори својата порака од изборната ноќ дека раката на неговата партија е подадена на четирите други парламентарни партии и дека верува дека гласачите му дале на ФПО мандат да владее. ОВП е во позиција да одлучи дали да му обезбеди мнозинство на ФПО како на помал партнер во владејачката коалиција или да води засебна, тристрана коалиција со Социјалдемократите (СПО) и уште некоја помала партија.

Ван дер Белен, поранешниот лидер на Зелените кој го надгледува формирањето на владата, одржува индивидуални средби со партиските лидери. Во понеделник тој треба да се сретне со канцеларот на ОВП Карл Нехамер и лидерот на СПО Андреас Баблер, а во вторник со лидерите на либералната партија Неос и левичарските Зелени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ