сабота, 19 октомври 2024

Германски медиуми: Шолц сака да му се јави на Путин првпат по две години

Германскиот канцелар Олаф Шолц сака телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путин првпат по речиси две години, објави германскиот весник Цајт, повикувајќи се на извори од германската влада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Наводно се размислува за телефонскиот повик пред состанокот на Г20 во Бразил во ноември. Меѓутоа, од Берлин сè уште нема барање за разговор, наведува весникот. Доколку тој разговор биде остварен, Шолц ќе биде првиот шеф на влада од земјите кои најмногу ја поддржуваат Украина, кој ќе има директен контакт со Путин. Последниот телефонски разговор меѓу Шолц и Путин бил во декември 2022 година.

Американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон и поранешниот британски премиер Борис Џонсон исто така последен пат директно разговарале со Путин во 2022 година.

Кон средината на октомври во Германија ќе бидат одржани преговори за понатамошната поддршка на Украина со учество на Бајден и други западни лидери. САД и Германија се најголемите добавувачи на оружје на Киев. Минатата недела беше одржана средба на украинскиот претседател Володимир Зеленски и Шолц на маргините на Генералното собрание на ОН зад затворени врати без преведувачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ