вторник, 22 октомври 2024

Германски медиуми: Постигнат е договор, Фон дер Лаен останува на челото на ЕК

Непосредно пред клучниот самит на Европската Унија, шефовите на државите и владите се согласиле денес да ја номинираат Урсула фон дер Лаен за втор мандат на местото претседателка на Европската комисија, а се сложиле и околу кадровските решенија за уште две водечки позиции, пренесуваат германски медиуми, повикувајќи се на свои извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оваа одлука треба да ја потврдат лидерите на ЕУ, како и Европскиот парламент.

Ако ЕП се сложи со предлозите на 27 шефови на држави и влади, Фон дер Лаен ќе бдие претседателка на Комисијата уште пет години, поранешниот шеф на португалската влада Антонио Кошта ќе биде претседател на Советот, премиерката на Естонија Каја Калас ќе стане нова висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, потврдиле за Билд извори блиски до преговарачите.

Договорот го постигнале преговарачите на Европската народна партија, на социјалдемократите и на либералите, пишува германски ФАЗ повикувајќи се на добро упатени извори.

Според ФАЗ, договорот го склучиле грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и полскиот премиер Доналд Туск за ЕПП, германскиот канцелар Олаф Шолц и шпанскиот премиер Педро Санчез за социјалдемократите, и францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте за либералите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ