вторник, 22 октомври 2024

Германската полиција заплени рекордна количина кокаин: „Вреди милијарди евра“

Германските истражни органи уште минатата година запленија најголема количина кокаин досега запленета во Германија, беше објавено во петокот по операцијата во која беа уапсени седуммина осомничени шверцери.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се работи за десетици тони кокаин во вредност од неколку милијарди евра“, соопшти Регионалната канцеларија за борба против криминалот на сојузната покраина Баден-Виртемберг како и Државното обвинителство во Дизелдорф, кои утринава ја координираа полициската акција во седум сојузни покраини. За време на рацијата беа уапсени седум лица.

Според Министерството за правда на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, станува збор за 35 тони кокаин кои биле запленети уште минатата година во пристаништето во Хамбург, а во денешната акција биле уапсени и осомничените за шверц на кокаин.

Според известувањата на германските медиуми, кокаинот бил делумно скриен во кутии со ананас.

Истрагата наречена „Плексус“, како што дополнително се соопштува, довела до заплена на „најголемото количество кокаин на територијата на Сојузна Република Германија“. Надлежните најавија дека во понеделник на јавноста ќе ѝ ги претстават деталите за операцијата.

Властите соопштија дека денешните претреси низ Германија не се поврзани со акцијата на Европол, при која вчера беше разбиен синџир на шверцери на дрога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ