сабота, 19 октомври 2024

Германија се повлекува од конфликтот во Нигер?

Објавено на

часот

Сподели

„Разговараме и подготвуваме различни сценарија со различни опции. Тоа може да го претпоставите“, им кажа Писториус на новинарите при посета на објект за сајбербезбедност на Бундесверот.

Зборувајќи за повлекување на германските трупи од Нигер, Писториус кажа дека одговорните за државниот удар ветиле дека ќе се придржуваат до меѓународните договори, но истакна дека тоа допрва треба да се види.

Воените офицери на Нигер го прогласија во петокот шефот на претседателската гарда Абдураман Тијани за нов шеф на државата, и додадоа дека го суспендирале уставот и ги распуштиле поранешните институции откако претходно го урнаа и притворија претседателот Мохамед Базум.

Нигер граничи со три земји во кои исто така се случија државни удари – Мали, Буркина Фасо и Чад.

Пред да се случи бунтот, Нигер беше сметан за најстабилен и најцврст сојузник на Западот во тој регион на Африка кој има големи проблеми со исламистичките терористи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ